• Функцијата се активира кога
целосното електирично напојување
на ринглите поврзано со една фаза
надминува 3700 W.
• Функцијата ја намалува моќноста на
другите рингли поврзани со истата
фаза.
• Екранот за поставката за јачина за
намалените рингли се менува меѓу
двете нивоа.
5. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
5.1 Садови за готвење
Кај индукциските рингли се
создава силно електро-
магнетно поле кое создава
топлина во садот многу
брзо.
Користете ги индукциските
рингли со соодветни
садови за готвење.
Материјал за садови за готвење
• правилно: лиено железо,
емајлиран челик, не’рѓосувачки
челик, дно направено од повеќе
слоеви (со правилна ознака од
производителот).
• непогодни: алуминиум, бакар,
бронза, стакло, керамика,
порцелан.
Правилни садови за готвење за
индукциска површина за готвење се
ако:
• мала количина вода врие многу
брзо на рингла поставена на
највисока поставка за јачина на
топлината.
• магнетот го привлекува дното на
садот.
Дното на садовите за
готвење треба да е што е
можно подебело и
порамно.
Димензии на садовите за готвење
Индукциските рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на
дното на садовите за готвење, до
одредена граница.
Ефикасноста на ринглата е поврзана
со дијаметарот на садот за готвење.
Садот за готвење со помал дијаметар
којшто е помал од минималниот
добива само дел од енергијата
којашто ја испушта ринглата.
Видете го поглавјето
„Технички информации“.
5.2 Звуци во текот на
работата
Ако слушате:
• звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
• звук на свиркање: ја користите
ринглата на голема јачина и
садовите за готвење се направени
од различни материјали (сендвич
конструкција).
• ѕунење: користите високо
енергетско ниво.
• кликање: се јавува електрично
прекинување.
• сиктење, бруење: работи
вентилаторот.
www.aeg.com30
Commentaires sur ces manuels